KIA

60 КИЛОМЕТРИ САМО НА СТРУЈА – ПРЕДИЗВИК ЗА КОНКУРЕНЦИЈАТА. НАЈАВА ЗА ХИБРИДНИТЕ СИСТЕМИ НА KIA

new KIA hybridKia веќе цврсто се докажува и впишува во листата на хибридни автомобили, и особено издржливи и квалитетни хибридни модели, особено со моделот Niro, но по него сега следуваат хибридни верзии на Ceed и XCeed. Имено многу наскоро се очекуваат нивните хибридни верзии да ги видиме и тука кај нас, а според најавите овие плаг-ин хибридни системи во Ceed Sportwagon и XCeed со 1,6 литарскиот бензински мотор кој во комбинација со 45KW ќе произведува 141 коњски сили и при тоа ќе нуди можност до 60 километри да се поминат на струја.

Електромоторот ќе се придвижува од литиум-јонско полимерна батерија со капацитет од 8,9 KWh која што ќе може да се наполни за 2 часа. Полнењето ќе може да се направи на некој од полначите, а простор за полнење е оставен од двете страни на крилото.

Во оваа комбинација перформансите за Ceed Sportwagon ќе изнесуваат 10,8 секунди забрзување од 0-100 додека за Xceed ќе биде 11 секунди.