KIA

Брендот Kia и моделот Sportage најпосакувани во нашата држава!?

Светот се менува под нашите тркала. Производителите на автомобили брзо се развиваат во поглед на пазарот кој сака ефикасност, луксуз и одржливост. 

Секојдневно автомобилската индустрија ги прати продажбите низ целиот свет, со цел да се понудат автомобили кои ќе бидат актуелни во текот на следните неколу години. За да се постигне тоа, најбитни се анализите за тоа кој е најпродаван автомобил во секоја земја поединечно. Оттаму се следат податоците за тоа каква изведба на каросерија е тренд, кое ниво на опрема е потребно на клиентите... и уште многу други ставки. 

Неколку портали силно се залагаат за да ги обезбедат ваквите информации, но еден од нив во текот на месец април објави податоци за најпосакуваните автомобили во секоја земја во светот. Во текот на неколку години, кои ги следел порталот Best Selling Cars Blog, податоците велат дека најпосакуван автомобил е Kia Sportage.

За да овој податок биде уште по релевантен, ги погледнавме и податоците од првиот квартал за 2021 година, кои покажуваат дека Kia е најпродаван бренд изминатите три месеци, а моделот Sportage е на врвот во месец март.