KIA

Kia EV6 ги поместува границите на електричите автомобили

  • EV6 е симбол на новиот бренд на Kia и првиот комплетно електричен автомобил изграден на нова посветена EV платформа
  • Избор на повеќе конфигурации на погонскиот систем; над 510 километри со едно полнење
  • 800V ултра-брзо полнење до 80за само 18 минути; Автономија од 100 километри за помалку од 4,5 минути полнење
  • EV6 GT забрзува од 0 до 100 km/h за 3,5 секунди со максимална брзина од 260 km/h
  • Новата EV архитектура обезбедува пространа внатрешност и високотехнолошки карактеристики за интуитивно корисничко искуство
  • Напредниот систем за помош на возачот вклучува асистент за возење на автопат од второ ниво и паметн систем за паркирање со далечинско управувањe

30-ти Март, 2021 – Новиот електричен модел на Kia - EV6 ги поместува границите на електричната подвижност и нуди долго патување, нула емисии, ултра-брзо полнење и карактеристичен стил на кросовер. EV6 е првиот автомобил на Kia кој се базира на новата E-GMP платформа на компанијата за електрични возила со батерии (BEV).

Овој пионерски модел лансиран во рамките на новата филозофија на дизајнот на Kia, прикажува EV-дизајн ориентиран кон иднината, карактеризиран со високотехнолошки детали. Се напојува исклучиво од електрична енергија, со избор на повеќе конфигурации на погонскиот систем. Истиот има способност за полнење со ултра брз систем, кој ја полни батеријата од 10 до 80% за само 18 минути. Моделот добива и GT верзија, направена за да ги инспирира клинтите со високи перформанси, со што EV6 може да забрза од 0 до 100 km/h за 3,5 секунди со максимална брзина до 260 km/h.

Со овој автомобил се формира првиот дел од новата ера за електрификација на гамата на Kia. Среднорочната стратегија предвидува електифицираните изведби да опфатат до 40% од вкупната продажба на Kia до 2030 година. Со цел да се оствари овој план Kia планира да ја зајакне својата постава со 11 нови комплетно електрични модели до 2026 година - седум изградени врз основа E-GMP платформата и четири верзии врз основа на постојните модели.

„EV6 е олицетворение на новата Kia. Роден е да го инспирира секое патување, преку смел дизајн, прогресивно инженерство, иновативни технологии и возбудливи електрични перформанси“, изјави Хо Сунг Сонг, претседател и извршен директор на Kia. „EV6 исто така претставува почеток на долгорочната посветеност на Kia за одржлива мобилност, забрзувајќи ја транзицијата не само кон чист транспорт, туку и производи, материјали и производство“.

Нова насока на дизајнот на Kia

Новиот дизајнерски јазик ги обединува спротивставените сили 

EV6 е дизајниран според новата филозофија на дизајнот на брендот „Обединети спротивности“, што инспирира од контрастите пронајдени во природата и човештвото. Во центарот на дизајнерската филозофија е новиот визуелен идентитет што предизвикува позитивни сили и природна енергија, со контрастни комбинации на остри стилски елементи и скулпторски форми.

Карим Хабиб, потпретседател и раководител на глобалниот центар за дизајн на Киа, образложи: „EV6, како прв електричен модел на Kia, со својот прогресивен дизајн и електрифицирана моќ, посветен е на луѓето. Ние силно веруваме дека EV6 е привлечен и релевантен модел за новиот пазар на електрични автомобили. Со EV6 имавме за цел да создадеме карактеристичен, влијателен дизајн, а истовремено да имаме футуристички изглед со кој ќе се нагласат идните електични модели на компанијата“.

Дизајнирана да испорача нешто поразлично во класата на кросовер, GT верзијата на EV6 нуди препознатлив, влијателен екстериер со високотехнолошки карактеристики. На предната страна, „тигровиот нос“ е прилагоден за дигиталната ера.

Електрична енергија 

Голема автономија, погон на сите тркала и нула емисии

EV6 им нуди на купувачите избор на повеќе целосно електрични конфигурации на погонски систем со батерии од 77,4 kWh кај верзијата со подолг опсег и 58,0 kWh кај стандардната изведба. Покрај разликите во капацитетот на батериите, EV6 се разликува и во погонот, каде се достапни погон на две или на сите тркала. Со посилната батерија автомобилот достигнува до 510 километри со едно полнење според WLTP тестирањата. Максималниот вртежен момент е 740 Nm, а истиот му дозволува на моделот да забрза од 0 до 100 km/h за само 5,2 секунди. Пакетот батерии од 77,4 kWh е поврзан со електричен мотор од 168 kW (229 коњски сили) кој ги напојува задните тркала, а за моделите AWD имаат два електрични мотори, напојувајќи ги предната и задната оска, кои произведуваат вкупно 239kW (325 коњски сили).

Изведбата со помалата батерија од 58,0 kWh е со максимален вртежен момент од 605 Nm и може да се забрза од 0 до 100 km/h за 6,2 секунди. Кај погонот на две тркала е поврзан електричен мотор од 125 kW кој ги напојува задните тркала, а кај AWD моделите електичниот моотр е со 173kW (235 коњски сили).

ЕV6 ќе се произведува во Јужна Кореја. Истиот ќе се најде во продажба на одбрани глобални пазари почнувајќи од втората половина на 2021 година, со резервации преку интернет кои започнуваат од 30 март на поголемите пазари.

EV6 Спецификации:

Димензии

Eвропски модел

EV6

EV6 GT-line

EV6 GT

Меѓуоскино растојание

2,900 mm

Должина

4,680 mm

4,695 mm

Ширина

1,880 mm

1,890 mm

Висина

1,550 mm

1,545 mm

Капацитет на багажен простор

Багажен простор

520 L

1300 L (со преклопени седишта)

Преден багажен простор

 52 L (2WD) or 20 L (AWD)

Перформанси

Платформа

Electric-Global Modular Platform




EV6


EV6

GT-line


Батерија

77.4-kWh

AWD

Моќ

239-kW (Предна и задна оска)

Вртежен момент

605-Nm (Предна и задна оска)

2WD

Моќ

168-kW Задна оска

Вртежен момент

350-Nm Задна оска


Батерија

58.0-kWh

AWD

Моќ

173 kW (Предна и задна оска)

Вртежен момент

605 Nm (Предна и задна оска)

2WD

Моќ

125 kW Задна оска

Вртежен момент

350 Nm Задна оска

EV6

GT

Батерија

77.4-kWh

AWD

Моќ

430 Kw (Предна и задна оска)

Вртежен момент

740 Nm (Предна и задна оска)

Предности

Полнење

400 V и 800 V (без дополнителни адаптери)

Ултра брзо полнење 

10 % до 80 % за 18 минути

100 km автономија (WLTP) за 4.5 минути полнење