KIA

Kia ги откри првите скици на новиот Sportage наменет за европскиот пазар

  • За првпат во својата историја, моделот Sportage ќе има посебна верзија развиена специјално за Европа 
  • Скиците на Sportage од петтата генерација навестуваат авантуристички и современ дизајн, со каросерија што има јасни линии 
  • Официјалната презентација е закажана за среда, 1-ви септемви

Август 25-ти, 2021 – Kia Europe ги откри првите официјални скици на целосно новиот Sportage наменет за европски пазар. За првпат во својата историја, Kia лансира различен дизајн, специјално развиен за европските клиенти.

Целосно новиот европски Sportage е внимателно дизајниран и развиен за да воспостави нови одредници во својот сегмент. Напредниот надворешен и внатрешен дизајн ги поместува границите на стилот. Најсовремена технологија за поврзување, заедно со новите ефикасни погонски агрегати, активни и безбедносни иновации го зајакнуваат премиум статусот на SUV. Развиен на нова архитектура, целосно новиот европски Sportage исто така е прецизно усовршен за да понуди оптимални карактеристики на возење и управување за европските патишта.

Дизајн со напредна мисла

Новиот дизајнерски јазик на Kia - Opposites United - е во срцето на новиот европски Sportage, влијаејќи на секој аспект од неговиот изглед и карактер. Неговиот дизајн се базира на темата „Храбар за природата“ и оддава почит на совршенството и едноставноста на природата. Скиците откриени денес навестуваат спортски, наметлив и пионерски теренец.

Целосно новиот европски Sportage ќе има покомпактен и авантуристички профил што ќе наговестува зголемено ниво на агилност и перформанси. Дизајниран да биде најдинамичниот и најстилскиот SUV во својот сегмент, целосно новиот европски Sportage ќе има мускулест став и силна, но префинета силуета со остри линии што брануваат по површините.

Дигитално лансирање

Новиот европски Sportage на Kia ќе го има своето деби на дигитален настан во живо што ќе се одржи во среда на 1-ви септември на каналите на Kia во 11:00 часот. Гледачите ќе можат да дознаат повеќе за првиот SUV на Kia дизајниран специјално за европските клиенти! Европските продажби на целосно новиот Sportage ќе започнат подоцна оваа година.