KIA

KIA И НАДАЛ ГИ ПРЕТСТАВИЈА 130-ТЕ ВОЗИЛА ЗА ТЕНИСКИОТ ТУРНИР ВО МЕЛБУРН

Традицијата на Kia да испорачува автомобили за официјалниот возен парк за Отвореното првенство во тенис на Австралија влегува во 19-та година. На свеченоста во Мелбурн беа предадени 130 автомобили од Kia, кои ќе се користат за превоз на тенисерите и судиите.

Kia ги испорача возилата што ќе го сочинуваат официјалниот возен парк за Отвореното тениско првенство на Авсралија. Оваа традиција влегува во својата 19-та година. Свеченото предавање на возилата се одржа на Плоштадот на федерацијата во Мелбурн, секако во задолжително присуство на Рафаел Надал, глобалниот бренд-амбасадор на Kia. Возниот парк се состои од 130 возила од моделите Carnival, Sorento и Stinger.

Вnew KIA AOpen carозилата ќе се користат за превоз на спортистите, судиите и ВИП, за време на првенството што се одржува од 20-ти јануари до 2-ри февруари. Kia и Надал лани одбележија 15 години партнерство, при што шпанската тениска легенда ја промовираше актуелната кампања „The Power to Surprise“. Доколку Надал го освои годинешното првенство, тоа ќе биде негов 20-ти Грен Слем, еднакво на актуелниот рекорд.

"Кога човек ќе го здогледа возниот парк од 130 автомобили Kia по улиците на Мелбурн, знае дека е време за Отвореното тениско првенство на Австралија" - Директорот на турнирот Крег Тили

Автомобилскиот производител уште од 2004 година испраќа деца од Кореја да собираат топки на мечовите, а од лани и 10 деца од Индија. Преку спонзорството на Светскиот куп на ФИФА и Европската лига на УЕФА, компанијата поттикна голем број фанови на фудбалот, давајќи им шанса на повеќе од 500 деца да ја претстават фудбалската топка за мечот. За претстојниот турнир, Kia се здружи и со Uber, обезбедувајќи 30 примероци од Seltos, новиот СУВ модел за тамошниот регион, кои ќе служат за превоз на корисниците на апликацијата на Uber.

Извор: automedia.mk