KIA

Новиот Stonic во GT Line изведба, достапен во салонот на Kia Motors Macedonia

  • Новиот Stonic со GT Line спортска спецификација
  • Доминантен спортски изглед на надворешноста
  •  Уникатен GT Line интериер

Јануари 26-ти, 2020 – Во салонот на Kia Motors Macedonia веќе може да се види новиот Stonic во GT Line изведба, најновиот модел од марката што добива дизајн инспириран од спортот.

Надворешниот дизајн на Stonic GT Line е инспириран од моќните GT модели на Kia, Stinger, Ceed GT и ProCeed GT. Ова се манифестира со разликите на предниот и задниот браник. Предниот браник е со интегрирани LED светилки за магла, три влезови за воздух на предниот дел на автомобилот и метална решетка по долниот раб. Предната маска добива и нова подобрена завршна обработка, додека капачињата на ретровизорите се во високо сјајна црна боја. Понатаму, моделот GT Line е опремен стандардно со нови целосно LED светла, создавајќи карактеристичен потпис на моделот. Задниот дел има поистакнат заден браник кој се разликува од другите верзии на Stonic, а истиот е дополнет со отвори кои имитираат две издувни цевки и заден дифузер. Надворешниот дел го комплетираат Stonic GT Line,17-инчни алуминиумски тркала кои се добиваат исклучиво во оваа изведба.

Stonic GT Line исто така се разликува од останатите изведби. Најочигледна модификација е облогата со ефект на јаглеродни влакна на таблата, завршница уникатна за моделите на GT Line. Седиштата се со зајакнати страници и се во комбинација од црна ткаенина и кожа со контрастни шевови во бело, понатаму во внатрешноста се наоѓа и различен волан обложен со перфорирана кожа и рамно дно. Во центарот на контролната табла се наоѓа голем 8 инчен инфо-забавен систем со екран на допир што ја подобрува поврзаноста и контролата на возилото. Системот им овозможува на корисниците да поврзат два мобилни уреди истовремено - еден за употреба на телефон додека другиот за навигација. Исто така, најголема новост е безжичната конекција со Apple CarPlay и Android Auto.

Моделот достапен во салонот на Kia Motors Macedonia, e опремен со 1.0 литарскиот T-GDi агрегат кој развива 100 коњски сили и 172 Nm при 1500-4000 вртежи, а менувачот е 7 степен DCT автоматски.

Новиот Stonic во GT Line ниво на опрема во комбинација со автоматскиот менувач и двобојната каросерија во салонот на Kia Motors Macedonia, чини 21.200 евра.