KIA

Новитетите на KIA достапни на Avto Plus Street Show 2022

Најголемиот автомобилски настан Avto Plus Street Show по пауза од 2019 година повторно се одржува под отворено небо од петок до недела (03.06 – 05.06.2022 година). На настанот ќе земат учество еминентни автомобилски куќи, мотоцикли, додатоци и придружна опрема за автомобили и мотори.

Киа Македонија ќе земе учество на овој настан претставувајќи ги новитетите во својата гама. За време на тридневниот настан посетителите ќе имаат можност да се запознаат одблиску со моделите: SORENTO, SPORTAGE GT Line, CEED GT Line и XCEED. Дополнително секој заинтересиран посетител ќе има можност да закаже тест возење. 

Ова е одлична можност за директна комуникација со клиентите, разновидна понуда и момент за дружење. 

Посетете го овогодинешниот Avto Plus Street Show 2022 лоциран кај СЦ Борис Трајковски од 3ти до 5ти Јуни.