KIA

Tехнологија од „голем автомобил“ и освежен дизајн за надградениот Kia Rio

- Освежениот надворешен дизајн дава посмел и попривлечен изглед
- Нови високо-технолошки безбедносни
 системи - асистенција за следење лента и асистенција за избегнување на судир 


Скопје14 ноември 2020 – Во салонот на Kia Motors Macedonia веќе може да се види значајната надградба на четвртата генерација на Kia Rio. Надградениот модел се карактеризира со низа подобрувања за повторно зајакнување на позицијата на автомобилот во рамките на високо-конкурентскиот Б-сегмент.

Rio ќе биде понуден во три нови нивоа на опреми кои ќе се комбинираат со два агрегати. Првото ниво е Base, па следуваат изведбите Reference 1 и 2. Нивото Base се комбинира исклучиво со новиот 1.2 литарски бензински мотор со петстепен мануелен менувач и 84 коњски сили, додека во повисоките опреми е вклучен и 1.0 литарскиот бензнски погон со 100 коњски сили кој има можност да се добие со шест-степен мануелен или седум-степен автоматски менувач. Дополнителна новина околу погоните е и блегиот-хибрид, кој доаѓа со 1.0 литарски мотор со моќност од 120 коњски сили.

Нивото Base во себе вклучува опрема како, ESC-систем за контрола на стабилизација на возилото со вклучени: EBD-ABS-контрола на силата на сопирање и спречување на блокирање на тркалата при ненадејно сопирање, TPMS-контрола на притисок во пневматици, мануелен клима уред, аудио систем со USB конекција и 4 звучника, аудио команди на управувач и Bluetooth конекција за поврзување со телефон + Audio Streaming. Потоа следи Reference 1 пакетот на опрема кој има се од пониското ниво и дополнително FCA-систем за избегнување фронтален удар со препознавање на пешаци, темпомат, ограничувач на брзина, аудио систем со 8" дисплеј осетлив на допир со поддршка за Android Auto и Apple Car Play, предни LED дневни светла, како и предни и задни сензори за помош при паркирање. Најопремената изведна е Reference 2, а во неа се вклучени автоматска контрола на светла, сензор за дожд, внатрешен ретровизор со електронско замаглување, автоматски клима уред стартување на моторот со копче, предни и задни LED светла.

Емилио Херера, главениот оперативен директор на Kia Motors Europe, при презентацијата на обновениот Rio посочи: „Rio е важен автомобил за Kia во Европа и ширум светот бидејќи е прв Kia автомобил за многу возачи. Обновениот модел се базира на клучните предности на автомобилот - практичност, квалитет и технологија со напредни карактеристики на безбедност и телематика, кои честопати се наоѓаат во автомобилите од многу сегменти погоре. Убедени сме дека овие надградби ќе го направат Rio поуспешен од кога било“.

Повеќе за новиот Kia Rio може да погледнете на официјалната страна или во салоните на Kia Motors Macedonia.